Мицкоски: Државата влегува во должничко сценарио
Државата влегува во должничко сценарио предизвикано од економското цунами што го урива животниот стандард на граѓаните, оцени денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имајќи ја во предвид најновата бројка која што денеска ДЗС ја објави, а се однесува на бруто растот, односно со падот на БДП од минус 12,7 отсто и влегувањето на земјата во рецесија.
-Јавниот долг е зголемен од доаѓањето на оваа власт. Од третиот квартал во 2017 година заклучно со вториот квартал во 2020 за една милијарда и 740 милиони евра или вкупно 11,8 отсто. Државниот долг пак од 2017 заклучно со вториот квартал во 2020 е зголемен од три милијарди 958 милиони на пет милијарди 561 милион. Тоа се цели 1,6 милијарди евра или тоа е за 11,3 отсто. Извозот само во јули месец е намален за цели 7,8 отсто во однос на јули месец 2019. А, пак за периодот јануари до 31 јули е намален за цели 20 отсто споредено со истиот период во 2019, рече Мицкоски.
Тој додаде дека „финалниот удар врз џебот на народот беше кога скришум, на шверцерски начин во текот на периодот на одморите ја покачија цената на струјата, како што рече, создавајќи на тој начин екстра профит за универзалниот снабдувач на електрична енергија. нд/а