Мицкоски: Бев принуден да се вакцинирам поради мерките донесени од Владата


Бев да се вакцинирам иако на 23 август правев тест и имам близу 1200 антитела. Но, бидејќи сум лимитиран, не можам пристојно да се движам низ државата поради катастрофално глупавите мерки, бев да се вакцинирам со сопругата во салата Борис Трајковски, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во  телевизија Алфа.

Мицкоски укажа дека тој тоа не го право со камери, бидејќи за таква работа нема потреба од камери како што тоа го прават некои.

-Вчера ја добив вакцината и за еден час можев да седнам било каде. Дополнително никој не знае ни дали докумнетот е мој, нешто што е целосно неприменливо. Вработените не се вакцинирани, а гостите треба да се вакцинирани, посочи Мицкоски.

Тој укажа дека ако власта и надлежните не знаат што да прават треба да видат што се прави во другите држави.