Мицевски очекува поддршка од 80 пратеници за реорганизација на владата
Соопшти дека при крај е целото законско решение и очекува деновиве официјално да биде поднесено.
– Завршни консултации и состаноци има по одредени делови во законот, штом го имаме тоа, ќе биде завршено, рече Мицевски.
Додаде дека за него поприоритетно во моментот е да се формираат комисиите, односно работните тела за да можат сите овие закони да поминат низ соодветните комисии.
– Во моментот ја имаме формирано само Верификационата комисија и Комисијата за прашањата на именувања и изборите. Потребни се и другите – Комисијата за политички систем, Законодавно правната комисија и другите комисии за кои на денешната првична координација имаше разговори. Очекувам во текот на денот и наредните денови да најдеме разбирање со колегите координатори за тоа која комисија, на која пратеничка група да припадне за да може Собранието целосно да биде функционално, рече Мицевски.
Тој очекува да биде донесен законот до доделување на мандатот за составување на идната влада.