Метеорски дожд вечерва ќе го осветли небото


Метеорскиот дожд Ориониди денеска ќе ја погоди Земјата. Најголем број метеорити ќе бидат видливи вечерва во 21:14 часот по локално време, како и утре наутро, кога на небото ќе светат безброј ѕвезди кои паѓаат.

Орионидите се познати по своите светли бои и брзина. Тие поминуваат или влегуваат во атмосферата на Земјата со брзина од околу 238.000 км/ч.

Тие постојат благодарение на Халеевата комета, која минува околу нашата планета еднаш на секои 76 години или така.

Ваков метеорски дожд можеше да се забележи уште во септември, но тогаш условите за набљудување не беа добри. А сега постои и можност месечината што опаѓа малку да ја попречи видливоста.

Последен пат метеорскиот дожд поминал блиску до Сонцето во 1986 година, а следниот пат блиску до Сонцето и Земјата ќе биде во јули 2061 година“.

 

Астрономите препорачуваат гледачите на ѕвездите да изберат локација подалеку од светлосно загадување, пишува сајтот EarthSky. Оние кои се наоѓаат на северната хемисфера треба да гледаат на југоисток, а оние на јужната хемисфера треба да бидат насочени кон североисток.