Метеоритот што падна во Велика Британија е стар 4,5 милијарди години
Реткиот метеорит што падна во Велика Британија порано оваа година, може да ги крие тајните на животот на Земјата. Анализите покажаа дека потекнува од настанокот на Соларниот систем пред 4,5 милијарди години.
Метеоритот наречен Винчкомб, пронајден е во Глочестершир. Се работи за многу редок тип метеорит под назив јаглероден хондрит, кој е богат со вода и органска материја затоа го задржал хемискиот состав од формијрањето на Соларниот систем.
Винчкомб, е првиот метеорит кој е најден во Велика Британија во последните 30 години, а единствен јаглероден хондрит на британско тло. Тој пружа можност за проучување на потеклото на водата и животот на Земјата, но и за настанокот на Соларниот систем.
Прелиминарните анализи потврдуваат дека метеоритот содржи низа органски материјали, состојки присутни во моментот на „раѓање“ на Соларниот систем.
Метеоритот во моментот изложен е во Музејот на природна историја во Лондон.