Метеорит паднал на покрив на „рено“? (фото/видео)


Французин од периферијата на Стразбур се соочи со необичен проблем.

Денот почна како и секој друг – (трагичниот) јунак од нашата приказна стана рано наутро и тргна на работа, но кога стигна до својот автомобил, го дочека непријатно изненадување.

Поточно, го чекаше непријатно изненадување со пречник од половина метар, бидејќи толку беше дупката на покривот на неговиот автомобил „рено клио“.

Французинот веднаш се јавил во пожарникарската служба и пријавил што се случува, со оглед на тоа што од возилото се уште излегува чад, а тие на крајот заклучиле дека автомобилот бил уништен од метеорит што паднал, како што пренесува францускиот AFP.


По пристигнувањето на полицијата на местото на настанот дури била пронајдена и помала грутка (со дијаметар од околу 50 см), која била испратена на дополнителни тестови за да се утврди дали дошла од вселената и дали е причина за оваа несреќа.

Сè на сè – предметот што удри во „реното“ паѓал многу брзо, бидејќи ги пробил покривот, подот и резервоарот. Не знаеме за вас, но едвај чекаме да видиме што открива анализата.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by PROJECT KNOWLEDGE (@project_knowledge)