„Мета“ и „Епл“ разговараа за партнерство во областа на вештачката интелигенција
Вашингтон – Американската компанија „Мета“ е во преговори за интегрирање на својот генерички модел на вештачка интелигенција во системот за вештачка интелигенција на новиот модел на паметни телефони на „Епл“, објави денеска „Волстрит џурнал“.
Весникот, повикувајќи се на добро упатени извори, наведува дека дискусиите не се завршени и дека не е сигурно дека ќе бидат успешни.
„Епл“ овој месец воведе функции за вештачка интелигенција во обновениот софтвер за паметни телефони кој ќе има чет бот ChatGPT интегриран во самите уреди.