Место 500 илјади, Италија добива само 50.000 вакцини неделно


 

Во Италија продолжуваат проблемите со вакцинацијата против Ковид-19, а за сега, единдствената вакцина која се користи е таа на „Фајзер/Бионтек“.

Место договорените дози, американскиот производител на вакцини продолжува самостојно да ги намалува испораките.

Место половина милион дози седмично, „Фајзер/Бионтек“ вчера во италија достави само 48.000, а за денеска најави испорака уште на 50.000.

Поради доцнењето во испораката на вакцините може да се компромитира италијанскиот план за имунизација на населението.