Меморијална велосипедска тура во чест на загинатите во Диво Насеље
–Турата ќе почне во 7.00 часот од бензинската пумпа на „Макпетрол“ на влезот во Куманово и ќе продолжи по автопатот до Скопје, потоа низ градот Скопје, до гробиштата во село Студеничани, „Камник“, село Стајковци, гробиштата „Бутел“, касарна „Илинден“ и „Ѓорче Петров“, од каде ќе продолжи по автопатот до Тетово – градски гробишта, село Брвеница, во продолжение по автопатот до село Зубовце (Гостивар) и ќе заврши на гробиштата во Гостивар, соопшти МВР.
Велосипедската тура ќе се одвива во услови на редовен сообраќај, со движење по десната страна на коловозот во правец на движење и пропуштање на учесниците од страна на сообраќајната полиција на семафоризирани и пофреквентни крстосници.