Меланија Трамп: Празнична модна инспирација
САД- Во пресрет на велигденските празници американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп одлучија накратко да ја напуштат Белата куќа и да заминат на мал одмор во резиденцијата Мар-а-Лаго во Флорида.
Пред да се качат во авионт тие поминаа преку тревникот пред Белата куќа, а првата дама на САД го покажа своето пролетно издание.
Чевлите на Меланија се т.н. салонки од типот „So Kate“ во портокалова боја, од омилениот нејзин дизајнер Кристијан Лубутан, а Меланија носеше бел фустан кој ја истакнува нејзината одлична фигура.
Меланија носеше и капут со цветен дезен, модел на Адам Липс, кој се прави по нарачка и чини околу 3.500 долари.