Меланија Трамп: Од Вашингтон замина во Шанел, на Флорида пристигна во Гучи


САД– Меланија Трамп ја напушти Белата куќа во црно и сериозна-во jakna на Шанел и фустан на Долче и Габана, на високи потпетици на Кристијан Лубутан. Слета во Флорида, новиот дом, во шарен креп фустан во стилот на 60-тите на Гучи кој чини 3600 долари, и во балетанки на Роџер Вивие. Тоа не чуди. Како Европјанка Меланија повеќе облекуваше луксузна облека на европски дизајнери, а помалку од американски дизајнери.

Новата прва дама Џил Бајден која ја нема манекенската става на Меланија Трамп најавува нова модна ера во Белата куќа. Неафирмирани американски дизајнери и поддршка на помалите производители, барем ако се суди по денот на инаугурацијата кога избра не толку софистициран син комплет со светкави монистри и кадифени детали на Александра О Нил и нејзиниот бренд Маркариан. за виртуелниот концерт со поп-ѕвезди наместо инаугурациски бал, д-р Бајден избра бел фустан и капут со цветови на познатата дизајнерка Габриела Херст.