Меланија Трамп или Џил Бајден: Која ќе биде првата дама?
САД- Актуелната прва дама е атрактивна, потенцијалната има стил. Различни се по возраста, потеклото, кариерата, ама и двете сакаат скапи брендови облека и чевли.
Сопругата на сегашниот претседател Меланија Трамп е родена на 26 април 1970 година во Словенија, а нејзината конкурентка за место во Белата куќа, Џил Бајден на 3 јуни 1951 година во Њу Џерси. Јазот во потеклото и возраста не е единствениот.
Додека Меланија е поранешна манекенка и дизајнерка на накит, Џил има завршено високо образование, две магистратури, докторат и својата професионална кариера ја посветила на наставата.
Разликата во годините меѓу Доналд и (третата сопруга) Меланија е 24, а Бајден е девет години постар од неговата втора сопруга. Меланија, која стана прва дама во 2017 година, е исто така втора во таа улога која не е родена во САД.
Од друга страна, Џил ја носеше титулата втора дама од 2009 до 2017 година, кога Бајден беше потпретседател во мандатот на Обама.
Меланија има беспрекорен стил кој е едноставен, Џил Бајден повеќе сака гардеробата да ја зачини со гламур.
За разлика од Меланија која честопати изгледа како да не може да го гледа сопругот, Џил најчесто е во фокус затоа што во неколку наврати јавно го бранеше Џо Бајден, па дури и во една ситуација кога неколку демонстранти го нападнаа додека држеше говор.