Мел Гибсон му салутираше на Трамп
Холивудскиот глумец Мел Гибсон е забележан како му упатува војнички поздрав на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Тие беа само дел од познатите личности на УФЦ-264 натпреварот во боречки вештини меѓу Дастин Поаје и Конор Мекгрегор. На мечот се забележани и поп-пејачот Џастин Бибер, глумицата Меган Фокс и сценскиот комичар Дејв Чапел.
Yup it’s Mel Gibson pic.twitter.com/0ELAtdiSbq
— Jack Posobiec (@JackPosobiec) July 12, 2021
Пристигнувањето на Трамп на арената беше пречекано и од навивања и од крици на негодувања, додека минуваше низ толпата.
Инаку, Поаје победи на крајот од првата рунда, откако Мекгрегор си ја повреди ногата.