Мексико одбива да прифати американски авион со депортирани мигранти
Мексико му забрани на американски воен авион да пристапи до копното и привремено ги спречи плановите на администрацијата на Вашингтон да депортира илегални мигранти во земјата, објави NBC News, повикувајќи се на изјави на двајца неименувани американски воени претставници.
Два авиони на американските воздухопловни сили Ц-17, од кои секој превезуваше 80 депортирани мигранти, заминаа во четвртокот вечерта за Гватемала, додека третиот авион кој летал за Мексико никогаш не полетал, велат изворите.
Официјален претставник на Белата куќа рече дека „прашањето со летовите е административно прашање и брзо е решено“.
„Вчера Мексико прифати рекордни четири летови за депортација во еден ден“, напиша портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на платформата „Икс“, откако во медиумите се појавија извештаи за одбивање на Мексико да прифати авион со депортирани мигранти. Ливит не прецизираше дали станува збор за воени, комерцијални или приватни летови.