Мексико ќе почека пред да одговори на царините на САД

Претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, изјави дека нејзината влада нема веднаш да одговори на новите американски царини за металите, туку ќе почека можен договор во наредните недели.
– Ќе чекаме до 2 април, а потоа ќе одлучиме дали ќе воведеме реципрочни царини, изјави Шејнбаум.