Мексико ќе доби 24 милиони дози од руската вакцина


 

Мексико ќе добие 24 милиони дози од руската вакцина „спутник V“ против корона вирус, изјави денеска мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

„Разговаравме со рускиот претседател Владимир Путин и јас му заблагодарив на неговата одлука да нѝ прати 24 милиони дози од вакцината во следните два месеца“, наведе Обрадор на Твитер, кој во неделата доби позитивен тест на корона вирус.