Меѓу два ѕида на Санторини: Едно погрешно свртување и… голем проблем
Возењето на нови локации може да биде стресно, особено кога сте на одмор. Непознавањето на патот, знаците и сообраќајните прописи во странска земја може да доведе до конфузија, тешкотии и, за жал, повеќе од само едно погрешно свртување, како што доживеа еден турист во Грција минатиот петок.
Возачот на малиот автомобил „нисан микра“ се нашол во голем проблем кога свртел во тесна уличка. Меѓутоа, возачот дополнително ја влошил ситуацијата продолжувајќи да се вози по неа, а на крајот се нашол со својот автомобил заглавен меѓу два бели ѕида, пишува „Јутарњи лист“.
Несреќата се случи минатиот петок, во пресрет на православниот Велигден, во Месарија на Санторини. Фејсбук страницата на локалната самоуправа објави фотографија од несреќата и ги предупреди луѓето дека автомобилот можеби нема веднаш да биде отстранет поради претстојните празници. Градските водачи, исто така, рекоа дека ја известиле компанијата за изнајмување автомобили чиј автомобил бил заглавен.
Постарите градови, особено оние во Европа, никогаш не биле изградени за автомобили, а многу од нив имаат тесни улици и уште потесни улички кои се најпогодни за луѓе и за ништо друго.
Според сајтот Santorini Secrets, ова не е прв пат автомобил да се заглави во уличка. Пред неколку години, сличен инцидент се случи во истата област.