Меѓу чевли и чанти Ненси Пелоси избира заштитни маски: Не ги купува ниту во Вашингтон, ниту во Њујорк (галерија)
САД- На демократката Ненси Пелоси (80), претседателката на Претставничкиот дом на САД, годинава и почна напорно, во најмала рака. Не поминува ни ден без да се појави на ТВ екраните. И, додека проблемите со кои таа се занимаваше само оваа година се движеа од упад во Капитол до импичмент, една работа останува конзистентна – таа секогаш носи маска за лице.
Мајка на пет деца и баба на девет внуци, привлекува внимание со интересни модни споеви во кои главна улога играат заштитните маски.
Откако светот го погоди пандемијата па заштитните маски станаа нужни, Пелоси одлучи да ги направи интересен моден додаток, независно од нивната сериозна намена. Некогаш се на нејзиното лице, а некогаш ја играат улогата на префинет шал околу вратот.
Пелоси уште од почетокот на својата политичка кариера се облекува одмерено и не претерувала во деталите, но стилот го зачинува со силни бои.
Иако експрвата дама Меланија Трамп предизвикуваше најмногу внимание со модниот изглед, и Пелоси не заостануваше зад неа со чувството за стил. Најчесто избира едноставни фустани до колена , во една боја, високи потпетици, и постојано е со исфенирана коса и со јака шминка.
Според Ел, таа ги купила речиси сите свои маски во Дона Луис, бутик во Александрија, Вирџинија. Сопственичката на продавницата, Крис Луис, изјави за списанието дека тие постојано продаваат од стиловите што ги носи, нарекувајќи го „ефектот на Ненси“. (Фашиониста)