Маж уби шестмина во Америка, рани неколкумина


 

Шест луѓе се убиени во најновото крвопролевање во рурално подрачје во сојузната американска држава Мисисипи во САД:

Властите во округот Тата уапсила маж кого го поврзува со убиствата откако го виделе во возило на пат како пука во луѓето, јави „Дејли меил“.

Еден маж е убиен во продавница, додека жена е пронајдена мртва во својот дом, а нејзиниот сопруг е потешко ранет и е во животна опасност.

Од канцеларијата на шерифот велат дека нашле уште двајца мртви во друга куќа и уште двајца застрелани на улица. Крвопролевањето се случило половина час по пладне, по локално време.

„Мажот е задржан во нашиот затвор. Не можеме да потврдиме ништо додека истрагата е во тек“, велат од канцеларијата на шерифот, а не е познат мотивот на пукањето ниту дали застреланите меѓусебно се познавале.