Маск: Време е „Амазон“ да се разбие


Основачот на „Тесла“, Илон Маск, изјави дека компанијата „Амазон“ треба да биде „растурена“, откако писателот Алекс Беренсон соопшти дека оваа најголема светска платформа за продажба на мало не му дозволила да ја објави својата нова книга за коронавирусот.

„Ова е лудо“, напиша Маск на Твитер, тагирајќи го сопственикот на Амазон, Џеф Безос.

„Време е Амазон да се разбие. Монополите се погрешни“, напиша Маск.

Џеф Безос – Амазон

Амазон ја коментираше објавата на Маск, но соопшти дека книгата на Беренсон по грешка била блокирана и дека сега е достапна за продажба преку Киндл.

„Одлуката за тоа дали книгата на Беренсон ќе се стави на продажба не е на Маск“, соопшти Амазон.

Судејќи според фото-пораката што Амазон ја испратил до Беренсон, компанијата го известила писателот дека неговата книга не ги исполнува стандардите за продажба.

Ова не е првпат Маск да дава спектакуларни изјави на Твитер. Последниот пример беше на 1 мај, кога напиша дека акциите на Тесла се прескапи.

Американската Комисија за безбедност и размена во 2018 година го тужеше Маск кога на Твитер напиша дека „Тесла“ ќе ја претвори во приватна компанија кога цената на акцијата ќе достигне 420 долари и дека веќе ги обезбедил средствата.

Маск и „Тесла“ платија одделни парични  казни во висина од 20 милиони долари во рамки на спогодбата со Комисијата.