Маск купи билет за патување во вселената со леталото на ривалот Бренсон


Лидерот на Тесла, Илон Маск купил билет за патување во вселената во вселенското летало на неговиот ривал, британскиот милијардер Ричард Бренсон, тврди Сандеј Тајмс, пренесува ДПА.
Додека Бренсон се подготвува за првиот лет на Вирџин Галактик од Ново Мексико во недела, „Сандеј тајмс“ пишува дека Маск, сопственик на ривалската истражувачка фирма Спејс Икс, обезбедил место на едно од патувањата на компанијата на Бренсон.

Маск платил депозит од 10.000 УСД за да го обезбеди местото, а датумот на патувањето не бил наведен.

Бренсон ја потврди информацијата во интервју за „Сандеј тајмс“, додавајќи дека може да возврати со тоа што ќе купи билет за патувањето на Спејс Икс.

„Елон е пријател и можеби еден ден ќе патувам со еден од неговите вселенски бродови“, рече тој.

Како дел од вселенската трка на милијардерите, SpaceX лансираше десетици ракети, вклучително и летови со екипаж, но самиот Маск сè уште нема летано на ниеден од нив.

Компанијата треба да го организира својот прв целосно приватен лет во вселената наесен.

Бренсон ќе стане првиот сопственик-астронаут кој учествувал во мисијата, победувајќи го основачот на Амазон, Џеф Безос, кој планира да патува во вселената за девет дена со својата ракета „Блу ориџин“.

Туристите ќе платат околу 250.000 УСД за лет во вселената со Вирџин Галактик, што вклучува четири минути бестежинска состојба, пренесе СЕЕбиз.