Мартин Лутер Кинг ги платил сметките кога се родила оскаровката


 

САД– Нејзината воодушевувачка насмевка не остава без зборови и на 55 години, а холивудската актерка Џулија Робертс во пресрет на роденденот откри дека покојниот Мартин Лутер Кинг и неговата сопруга Корена Скот Кинг ја платиле болницата за нејзиното раѓање. Родителите на Џулија немале пари, а актерката објаснила како се се случило во разговор со Гејл Кинг.

Според неа, родителите на актерката се дружеле со брачната двојка додека живееле во Атланта и воделе семејно актерско училиште.
„Еден ден Корета ѝ се јави на мајка ми и ја праша дали нејзините деца можат да посетуваат актерска школа, бидејќи им беше тешко да најдат место каде што ќе бидат примени. Се разбира, таа го прифатила со многу задоволство. Во тоа време немаше многу комуникација меѓу белите и црните деца“, вели Робертс, објаснувајќи за американските медиуми дека сите така станале пријатели, а на семејството Робертс му помогнале да се извлече од неволја.

Семејството на Џулија Робертс беше во финансиски проблеми кога се роди таа, сега светски позната актерка. Нејзините родители немале средства ниту да ја платат сметката за породилно, а за болничките трошоци се погрижиле Мартин Лутер и неговата сопруга.

Џулија Фиона Робертс е родена во 1967 година во Смирна, Џорџија, а светската слава ја стекна во 1990 година, благодарение на улогата во филмот „Pretty Woman“.