Марко Манџони ќе ја претставува Италија на Евросонг: Ова е победничката песна на Санремо (видео)
Италија- Заврши 74. издание на Санремо, еден од најстарите музички фестивали, а Италија го избра својот претставник на овогодинешната Евровизија во Ливерпул.
По 28 песни претставени на Санремо, петте изведувачи со најголем број гласови се пласираа во суперфиналето.
Менџони е многу популарен во Италија, а се прослави во 2009 година, по учеството во нивната верзија на музичкиот натпревар „Х-Фактор“.
Тој ја претставуваше Италија во 2013 година во Шведска на Евросонг и го освои седмото место со 126 поени.
Италија пред две години победи на Евровизија кога бендот Манескин ја воодушеви Европа, а интересно е што и тие, како и Марко Менџони, кариерата ја започнаа во талент шоуто.