Марго Роби сега е девојка на „Ботега Венета“


САД- Марго Роби се чини дека влезе во нова стилска ера, оставајќи ги зад себе деновите од Шанел. Актерката, која беше именувана за амбасадор на брендот на париската куќа во 2018 година, присуствуваше на 13. Governors Awards на Академијата за филмски уметности и науки во Лос Анџелес, облечена во зелена тоалета од колекцијата на Ботега Венета од  линијата Resort 2023.

32-годишната убавица и модна икона, прогласена од „Максим“ за најзгодна славна личност во 2022,  пристигна на црвениот килим во смарагдно зелена тоалета на едно рамо со исечен струк и румени детали, комплетирајќи го изгледот со крупни алки со манжетни. За глам, таа остана едноставна и шик со фатена коса и неутрална шминка.

Со нејзиното последно појавување се чини дека ексклузивниот договор на Роби со Шанел заврши. Не е јасно дали австралиската актерка ќе ѝ се придружи на италијанската куќа на чело на Matthieu Blazy како официјален амбасадор на брендот.

Роби присуствуваше на гала настанотсо нејзиниот сопруг Том Акерли, додека други присутни на вечерта беа Каја Гербер, Кејт Бланшет, Тејлор Расел, Оливија Вајлд, Вајола Дејвис, Џенифер Лоренс, Џенел Монае, Флоренс Пју и други.