Марго Роби го продаде домот во Лос Анџелес со винска визба и соба за миленици

САД– Актерката и модна икона, Марго Роби ја продаде својата куќа во Лос Анџелес на 3.300 квадратни метри во јуни за 3,4 милиони долари, само еден месец откако го стави имотот на пазарот.
Поранешниот дом на Роби се наоѓа во населбата Хенкок Парк во Лос Анџелес, во кој порано живееја истакнати личности како Френсис Форд Копола и Аријана Гранде.
Творецот на „Grey’s Anatomy“, Шонда Рајмс, исто така, го продава од јули својот дом во Хенкок Парк , со барана цена од 25 милиони долари, пишува The Hollywood Reporter.
Роби ја купи куќата во населбата со ѕвезди за 2,73 милиони долари во 2017 година, една година откако актерката на „ Suicide Squad “ се омажи за нејзиниот сопруг, продуцентот Том Акерли.
По продажбата на домот во паркот Хенкок, двојката се уште поседува барем уште еден имот вреден неколку милиони долари во Лос Анџелес-огромен комплекс од 5 милиони долари, купен во Венис во 2019 година.
Неодамна продадениот дом во ЛА има четири спални соби, шест бањи, базен, винска визба и соба за миленици. (Инсајдер)