МАПАС: Членовите на пензиските друштва да ги ажурираат податоците за да го добијат „Зелениот плик“ навреме
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС апелира граѓаните навремено да ги ажурираат своите податоци со цел да можат навремено да добијат информации од пензиските друштва за состојбата со нивните сметки. Граѓаните треба да ги проверат и ажурираат нивните лични податоци, да пријават евентуална промена на адреса или контакт информации.
-Со цел поголема транспарентност и континуиран увид во пензиските заштеди, пензиските друштва во Северна Македонија еднаш годишно доставуваат извештаи до своите членови кои се се уште вработени и пензионирани членови. Овие извештаи содржат детални информации за состојбата на индивидуалната пензиска сметка, доброволната индивидуална сметка, професионалната сметка и инвестициското портфолио. Извештаите се доставуваат во т.н. „зелен плик“, и ги опфаќаат податоците за претходната календарска година. Согласно регулативата, доставата се врши најдоцна до 31 март во тековната година, појаснуваат од МАПАС.
Додаваат дека е важно граѓаните да ги ажурираат податоците за да го добијат нивниот „зелен плик“ навремено и на точна адреса, и отио затоа од особена важност е: да се ги проверат и ажурирате нивните лични податоци, да пријават евентуална промена на адреса или контакт информации. Ова, велат, е особено значајно за членовите на вториот и третиот пензиски столб.
Според Агенцијата, редовното следење на пензиските заштеди ви овозможува подобро планирање на вашата финансиска иднина, како и поголема сигурност и контрола врз вашите средства. сст/са/