Мали трикови кои супермаркетите ги користат како би ве „натерале“ да потрошите повеќе пари
Постојат неколку мали трикови кои супермаркетите ги користат за да ве „натераат“ да потрошите повеќе пари. Треба да можете да ги препознаете навреме за да можете да заштедите пари.
Можеби ќе ви се чини дека чоколадо или малку поскапа тестенина нема значително да влијае на вашиот буџет, но доколку постојано „паѓате во стапицата“ ќе потрошите многу повеќе.
Имено, еден од главните трикови кои ги користат супермаркетите е ставањето слатки покрај касата. Многумина од нас не можат да им одолеат на слатките кои не искушуваат во последен момент пред да платат. Обидете се да ја избегнете оваа практика, а во тоа може да ви помогне употребата на каси за самопослужување.
Продавачите, исто така, сакаат да ги мамат клиентите со продажба на претходно исечено овошје и зеленчук. Можеби изгледа дека ќе имаме помалку работа околу оброците ако купуваме претходно пакувана храна, но земете ја во предвид разликата во цената. Пресечената храна е генерално поскапа.
Дали забележавте дека количките за пазарење станаа поголеми во текот на изминатите неколку години? Продавачите се водат од логиката дека луѓето ќе купат повеќе артикли ако количката е поголема.
Логично, прво ќе ги забележите предметите што се наоѓаат на средните полици, односно на висина на очите. Ова значи дека имате поголеми шанси да ги купите. Сепак, поевтините артикли се наоѓаат на долните полици, затоа проверете ги.
Можеби сте забележале дека супермаркетите обично пуштаат побавна музика. На овој начин се обидуваат да создадат мирна атмосфера каде што нема брзање. Се чувствувате удобно, останувате подолго во продавница и трошите повеќе.