Макрон утре ќе ги прими Трамп и Зеленски пред церемонијата во „Нотр Дам“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува утре на церемонијата за отворање на обновената катедрала „Нотр Дам“ во Париз, на која се очекува да присуствуваат и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, како и други државни и владини лидери.
Во соопштението од Елисејската палата се наведува дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе го прими Зеленски пред почетокот на церемонијата. Исто така, се најавува дека претходно ќе има и средба со Трамп.
Неименуван извор од Украина соопшти дека постои можност за средба меѓу Зеленски и Трамп надвор од официјалната програма, пренесува Укринформ.
На церемонијата ќе присуствуваат околу 40 државни и владини лидери, вклучувајќи ги германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, италијанскиот претседател Серџо Матарела, полскиот претседател Анджеј Дуда, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и други. Американскиот претседател Џо Бајден нема да присуствува, но ќе биде претставуван од својата сопруга Џил Бајден.
- Францускиот претседател Макрон ќе одржи говор, по што ќе бидат отворени вратите на обновената катедрала, а ќе биде прочитана и порака од папата Франциск, кој претходно ја одби поканата за лично присуство. Mk