Макрон: Нетанјаху да не заборави дека Израел е создаден со одлука на ОН


Францускиот претседател Емануел Макрон предупредил за време на состанок дека израелскиот премиер бенџамин Нетанјаху не смее „да ги игнорира одлуките на Обединетите нации“.

„Господинот Нетанјаху не смее да заборави дека неговата земја е создадена со одлука на ОН“, рече Макрон, осврнувајќи се на гласањето на Генералното собрание на ОН во ноември 1947 година, со кое заврши британскиот мандат над Палестина и ја подели земјата на еврејски и арапски држави.

„Премиерот Нетанјаху му рече на претседателот Макрон дека се противи на едностран прекин на огнот, кој нема да ја промени безбедносната ситуација во Либан и ќе ја врати земјата во претходната состојба. Тој нагласи дека Израел дејствува против терористичката организација Хезболах за да ја спречи да се заканува на граѓаните на Израел на северната граница и да им се овозможи безбедно да се вратат во своите домови“, се вели во соопштението на кабинетот на израелскиот премиер.

Франција вчера ги отфрли барањата на Нетанјаху мировната мисија на ОН, позната како УНИФИЛ, да се повлече од своите позиции во Либан, додека Франција го повика израелскиот амбасадор поради инцидентот во кој израелските војници отворија оган врз три мировни позиции на ОН во јужен Либан. Австриоја исто така соопшти дека одбива да ги повлече своите мировници во Либан.

 Нетанјаху, наводно, бил изненаден од намерата на претседателот Макрон да биде домаќин на конференција во Париз за прашањето на Либан, со учесници како Јужна Африка и Алжир, „кои работат на тоа да му го ускратат на Израел неговото основно право на самоодбрана и со тоа да го отфрлат неговото право да постои“.

Во пораката до Макрон, канцеларијата на Нетанјаху, исто така, во посебна изјава рече дека државата Израел е основана преку „војната за независност со крвта на нашите херојски борци, од кои многумина го преживеаја Холокаустот, вклучително и од режимот на Виши во Франција“.  Се додава дека во последните децении, ОН одобриле стотици антисемитски резолуции против Израел.