Македонија падна две места на светската скала за владеење на правото
Македонија падна две места на светската скала за владеење на правото. Во најновиот извештај на Светскиот проект за правда таа е ставена на 67 место од 142 земји, а зад неа од регионот се Србија, Албанија и БиХ, додека Косово и Црна Гора се понапред. Попрецизно, Македонија има ист број на бодови изминатите четири години, што значи дека стагнира во владеењето на правото од 2019 година, но бидејќи некои од земјите напредувале, падна подолу за две места на листата.
Во однос на другите мерења, Македонија се најде на 97 место околу воздржувањето од владеечкатата моќ, во однос на корупцијата на 75 од 142 земји во светот, во однос основните човекови права на 56 место, во однос на редот и безбедноста на 43, во однос на спроведувањето на регулативите на 94 (!), во однос на граѓанската правда на 75, а гонењето на криминалот – на 72 место.

Најуспешни земји во владеењето на правото, според рангирањето, се Данска, Норвешка, Финска и Шведска, додека на дното е Венецуеал, при што САД се на 26 место , Бугарија на 59-то, а Русија на 113-то. Според глобалната оценка дури во 82 земји во светот во периодот 2022-2023 имало намалување во владеењето на правото, а подобрување во – 58.
Според оценката на Светскиот проект за правда континуираното влошување на владеењето на правото во 2023 година најмногу може да се објасни со слабеењето на ограничувањата на владините овластувања, слабеењето на основните права и слабеењето на граѓанската и кривичната правда. Глобално, повеќе од 6 милијарди луѓе сега живеат во земји каде владее правото е во опаѓање, и тоа шеста година по ред.