„Македонија низ објективот на Арсени Јовков“ – VIII студиски ден на Институтот за национална историја
На Институтот за национална историја денеска ќе се одржи VIII студиски ден. Темата е „Македонија низ објективот на Арсени Јовков“, а ќе биде презентирана од проф. д-р Валентина Миронска-Христовска.
На предавањето ќе присуствуваат претставници од фамилијата на Арсени Јовков, како и претставници од Бирото за филателија и Советот за марки.