Македонец падна во Пула поради злато


Четириесет и тригодишен македонски државјанин се соочува со кривична пријава од хрватските власти затоа што кај него е пронајдено поголемо количество злато, кое го нема пријавено при влез во земјата. Настанот се случил завчера околу 13 часот во коцкарница на улицата „Загрепска“ во Пула.

„Полициските службеници го затекнале мажот кој со себе имал повеќе од еден килограм злато. Утврдено е дека не го пријавил при преминувањето на државната граница од Србија во Хрватска. Против него е поднесена кривична пријава за избегнување царински надѕор“, пишуваат хрватските весници.