Мајките и сопругите на руските војници бесни на Путин: „Владимир Владимирович, кукавицо!“
Советот на сопруги и мајки на организацијата на жени чии членови на семејството служат во руската војска биле инзненадени кога слушнале за планираниот состанок со претседателот Владимир Путин со неколку мајки на војници, на кој не била повикана ни една нивна членка, пишува независниот портал „Медуза3.
Претседателката на Советот Олга Цуканова објавила видео во кое инсистира на тоа Путин да се сретне со „вистинските мајки“, за разлика од „питомите“ жени кои кремљските бирократи „лично ги бирале“ за таа прилика.
„Владимир Владимирович, дали сте маж или што? Кукавицо, имаш ли доволно храброст да им погледнеш во очи – оворено, во пресрет со жените кои не се одбрани од тебе. Жените кои не се во твојот џеб, туку се вистински мајки кои на свој трошок допатуваа ваму од разни градови да се состанат со вас?
Овде сме, во москва, и подготвени сме да се состанеме со вас. Очекуваме одговор од вас! Сакаш ли и понатаму да се криеш од нас? Имаме луѓе во Министерството за одбрана, во Канцеларијата на воениот тужител, во претседателската администрација – сите се тоа мажи, вклучувајќи го и претседателот. А мајките се од другата страна. Па, ќе сакате ли сите вие да излезете на некој дијалог – или само ќе се криете?„, објави таа.
Потсетуваме, вчера, повикувајќи се на извори од Кремљ, рускиот венсик „Ведомости“ јави дека Путин ќе се сретне со група мајки на војници кои се борат во Украина. Еден од изворите тврди дека Путин планира да разговара за борбените операции. На прашање да ја потврди информацијата, портпаролот на Кремљ Дмитри Песков го потврди извештајот.