Мајката на момчето убиец од „Рибникар“ ја негира вината
Мајката на момчето убиец од „Рибникар“ ја негира вината: бурно на судењето, татковците на убиените девојчиња ја напуштиле судската салаОбјавено пред 42 минути – 15 мај,
Милјана Кецмановиќ (46), мајката на момчето убиец, кое на 3 мај минатата година уби девет ученици и лице на обезбедувањето во ОУ „Владислав Рибникар“, денеска првпат по злосторството во судница во Високиот суд во Белград.
Според „Блиц“, Милјана Кецмановиќ на почетокот на излагањето на одбраната ја негирала вината за делата за кои била обвинета.
Како што понатаму се наведува во написите, таа изјавила и дека нема да одговара на прашањата на адвокатот и дека ќе дава одговори само на прашањата на оштетените. Досега прашањата ги поставуваа Обвинителството и одбраната на обвинетиот.
За време на паузата родителите на убиените деца ги запишале своите прашања на хартија.
Мајката на момчето убиец денеска пристигнала во судницата во придружба на своите адвокати, а на судењето присутни се и родителите на убиените деца.
Во првиот дел од судењето татковците на Ангелина Аќимовиќ, Андријана Дукиќ и Мара Анѓелковиќ од непозната причина ја напуштија судницата, а на паузата сите ја напуштија судницата, освен Милјана Кецановиќ, пренесува медиумот.
Според Обвинителството, мајката на момчето убиец е обвинета за кривични дела – недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи.
Обвинителството за Милјана Кецмановиќ предложи затворска казна од 2 години и 6 месеци.