Мајката на милијардерот Ричард Брансон почина од Ковид-19


Еве Брансон, мајката на британскиот милијардер и основач на групата „Вирџин“, Ричард Брансон, почина на возраст од 96 години, од последиците од Ковид-19.

Веста ја објави Ричард Брансон на својот блог.

Во постот пишува дека неговата мајка ја извојувала последната победа и му се спротивставила на вирусот, но дека во тој процес ја потрошила целата своја енергија.

Брансон напиша и дека една од неговите сестри и внукот биле со неа до самиот крај, како и двете прекрасни медицински сестри кои таа ги забавувала со приказните од својот живот.

Пишувајќи за животот на својата мајка, Брансон вели дека своите деца ги научила на важноста од напорна работа, да ги третираат луѓето како што сакаат да бидат сами третирани, на претприемаштво но и дека не смееме себеси да се сфаќаме пресериозно.

„Беше инвентивна, храбра и неуморна – претприемач, пред светот да знае за тој збор.

Тој напиша дека групата „Вирџин“ ја формирал кога мајка му му дала 100 фунти од продажба на еден ѓердан. Неговиот татко почина во 2011 година, а покрај Ричард ги имаа ќерките Линди и Ванеса.