Мајка со години ги „ловела“ членовите на мексикански картел што ѝ ја убиле ќерката


 

Мајка од Мексико три години ги барала убијците на својата ќерка за да им се одмазди. Миријанм Родригез не се откажала од барањето одговори откако нејзината 20-годишна ќерка Карен Алехандра Салинас Родргиез исчезнала. Ја киднапирале, а од мајката барале пари за да ја пуштат.

Карен никогаш не се вратила кај нејзината мајка, а тогаш во 2014 година нејзиното тело е пронајдено во напуштен ранч во Мексико.

Хјујорк тајмс ја објави нејзината невеорјатна приказна за тоа како се впуштила во опасна мисија да ја одмазди ќерката. Почнала истрага за тоа кој е виновен и одговорен за смртта на ќерка ѝ.

На почетокот на својата мисија дошла до еден член на бандата и го молела да ја пуштат. Но, тој ѝ рекол дека картелот не ја држи нејзината черка, но се понудил за помош во потрагата, па за тоа ѝ барал пари. Миријам платила, а потоа во текот на разговорот слушнала за некој човек по име Сама.

На социјалните мрежи го нашла човекот и видела дека работи во во продавница за сладолед, па со недели го чекала пред продавницата додоека тој не се појавил. Миријам (56) го следела до неговата куќа и се преправала дека е државен изборен службеник за да дознае повеќе за него од неговите соседи.

Потоа тргнала во потрага по други вмешани во убиството на нејзината ќерка, заради што го сменила и изгледот, се правела дека е некој друг, имала лажни лични карти, носела пиштол…

Сето тоа го направила за да му се приближи на картелот Зета, а отишла толку далеку што се нашла со членови на нивните семејства за да дојде до бараните адреси.

Успеала да најде еден маж и се сретнала со него во уличка, каде му ставила пиштол на чело и му се заканувала дека ќе го убие ако мрдне.

Иако некои членови на кртелот во меѓувреме се откажале од криминалните дејствија и почнале нормален живот, МИријам сите со ред ги запишувала, а нивните имиња г дала на полицијата. Успеала полицијата да ја доведе до десетмина членови на картелот Зета.

Но, еден ден платила висока цена за тоа. На Денот на мајката во 2017 година убиена е пред нејзиниот дом со 12 куршуми. Ја застрелал еден од момците за кој мислела дека има врска со убиството на ќерка ѝ. Починала.

На крајот постхумно е наградена со бронзена плакета на градот Сан Фернандо, а со својата мисија инспирирала многумина.