Мајка фрлила две деца од прозорец, уморна од тоа што е сама


Мајка од Бруклин, САД, на возраст од 24 години, своите две деца ги фрлила од прозорец, а потоа и таа се фрлила по нив, соопшти њујоршката полиција.

Како што пренесоа медиумите едното бебе е во критична состојба.

Жената, која тврдела дека е „уморна од тоа што е сама“ ги фрлила од вториот кат, прво четири недели старата ќерка, а потоа и двегодишниот син, а потоа скокнала и таа, пренесоа медиумите.

Несреќата се случила на пладне, а медиумите додаваат дека жената била без облека како и нејзините две деца.

Надлежната служба ги превезла во болница, а девојчето е во тешка сотојба, додека синот и мајката имаат повреди кои не се опасни по живот.

Според сведок, кога паднала, жената не изгубила свест, ги фатила децата и продолжила да ги повредува.

Очевидец додава дека со главата на новороденчето удирала во асфалтот, поради што тој дотрчал и се борел со жената, од раце да ѝ го земе детето.

Како што наведува, таа во еден момент му заблагодарила , но продолжиa да зборува дека ѝ здосадило да биде сама.