Магнетната резонанца во Поликлиника „Идадија“ ќе го забрза дијагностицирањето кај пациентите


Нов апарат за магнетна резонанца во поликлиниката „Идадија“ (Фото: Б. Грданоски)
Денеска беше отворен дијагностички центар со магнетна резонанца во поликлиниката „Идадија“, што според премиерот Христијан Мицкоски, ќе го забрза дијагностицирањето кај пациентите.
 
„Најпрвин можам да го искажам своето задоволство, бидејќи овој апарат којшто овдека е инсталиран, претставува еден од ретките апарати коишто пациентите можат да го користат. Иако министерот и директорот, рекоа дека се користи интензивно, јас би сакал што помалку да се користи. Но, веќе кога имаат граѓаните потреба се разбира дека овој апарат само може да го забрза дијагностицирањето на проблемите и идентифицирањето на истите“, рече Мицкоски.
 
Потсети дека  во Фондот за здравствено осигурување затекнале долг од повеќе од пет милијарди денари, а најави дека со добра реорганизација и со ребаланс на Буџетот тој долг ќе се намали за две милијарди денари, додека во следната фискална година тој долг да биде сведен на нула.
 
„Ќе ве потсетам на Законот кој беше изгласан за здравствена заштита каде што веќе ќе немаме дуализам во здравството, туку ќе имаме јасна одговорност во установите и во клиниките. Понатаму ќе ве потсетам на онаа акција за вработување на 600 специјализанти, 300 оваа година, 300 следната. Оние коишто ќе пројават интерес, ќе сакаат да се вклучат во јавното здравство и уште многу, многу други работи како што беше позитивната листа, девет генерички лекови нешто што повеќе од деценија и половина имаме пауза кога немаше проширување на позитивната листа со што се влијае позитивно врз пациентите и врз стандардот на оние коишто ги користат тие лекови. Оној настан којшто го имавме на Дигестивна клиника исто така промоцијата на опремата таму и уште многу други работи коишто беа промовирани во овие 100 дена. Очекувам во периодот којшто следи дополнително да промовираме уште многу работи, додаде Мицкоски.