„Мааксим Димитриевскии…“ – хитот од кампањата го снема од Јутјуб


 

Песната што ја одбележа оваа изборна кампања многу повеќе од сите предизборни спотови избришана е од Јутјуб.

Песната беше снимена во чест чест на кумановскиот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, додека тој беше во кампања во едно ромско маало во Куманово. Порталот „4news.mk“ пишува дека не се познати официјалните причини за бришењето на песната – дали станува збор за одлука на самите автори, пријава за авторски права или пак кршење на правилата на самата платформа.

Песната беше апсолутен хит и веројатно по неа ќе остане запаметена кампањата за овие локални избори.