Лурдс на Мадона, шири младешки дух во новата модна кампања на Марк Џејкобс
САД– Два месеци откако се појави на рекламата инспирирана од Y2k на Juicy Couture со брендот за долна облека Парада, 24-годишната ќерка на Мадона позира во нова престижна модна кампања, на Марк Џејкобс.

Лурдс (чиј татко е тренер за фитнес Карлос Леон) е ангажирана за сезоната пролет 2021 со нови додатоци како светло обоени чанти, патики , чорапи, накит со втиснато лого, маски за лице и многу повеќе.

„Џејкобс има долга приказна со Мадона и затоа имаше смисла Лурдс да биде заштитно лице на кампањата, бидејќи таа совршено го отелотворува младешки дух и бескомпромисно чувство за индивидуалност од клучно значење за овој помлад израз на брендот “, се наведува во соопштението за печатот.

Лурдс има претходно соработувано со Gypsy Sport и во рекламите за парфеми на Стела Мекартни во 2016 година.(Пипл)

