Лукашенко покажал план кој сугерира напад и на Молдавија


Повеќе од 12.000 лица беа упасени на протестите откако Лукашенко беше прогласен за победник на изборите на 9 август

Александар Лукашенко, белорускиот лидер и близок сојузник на Владимир Путин, можеби случајно ги откри плановите на Русија за инвазија на Украина преку мапа.

Во краткото видео објавено од белорускиот новинар Тадеуш Гизан се гледа како Лукашенко покажува кон мапата која ја дели Украина на четири дела и се чини дека ја покажува линијата на дејствување на Русија, целните точки и редоследот по кој украинските градови ќе бидат нападнати. Тој се обрати на состанокот на Советот за безбедност во вторникот. Видеото е објавено од белоруски продржавен канал на Телеграм. Првичниот редослед на нападите, според картата, се совпаѓаат со руските движења досега.

Овасе случува  неколку часа откако украинскиот парламент го потврди присуството на белоруски војници во регионот Чернихив во северна Украина, во близина на границата на земјата со Белорусија. Меѓутоа, Лукашенко изјави за државните медиуми дека негови војници не се приклучуваат на Русија во нејзиниот напад врз Украина.

Видеото предизвика шпекулации дека Лукашенко можеби случајно го споделил клучниот борбен план среде напорите на Русија да го заземе Киев, што резултираше со крвопролевање и уништување, но сè уште нема целосна контрола на територијата.

Мапата, исто така, покажа неколку напади што допрва треба да се случат, како што е оној што започнува од украинскиот пристанишен град Одеса во Молдавија – поранешна советска земја – што сугерира дека Русија планира да вмаршира со војници во јужниот сосед на Украина, вклучително и во отцепениот регион Придњестровје од Молдавија.

Русија веќе ја искористи Белорусија како локација од која брзо ги испраќа своите војници преку границата во Украина, откако инсистираше на тоа дека големиот број сили собрани таму се за заеднички воени вежби.

Блиските односи на Белорусија со Москва  го натераа американскиот Стејт департмент да ги прекине операциите во својата амбасада во Минск. (Индепендент)