Луѓето со оваа крвна група имаат најмалку проблеми со инфекции, бактерии и вируси


Отпорноста на организмот на бактерии, инфекции и разни болести ја одредуваат многу фактори, меѓу другото и крвната група.

Носителите на одредени крвни групи имаат поголеми шанси да се изборат со нападите на својот организам, а во таа смисла најдобри се оние кои ја имаат крвната група 0.

Имено, долгорочна студија покажала дека крвната група 0 е помоќна од сите останати. Докажано е дека носителите на оваа крвна група се поотпорни и имаат помал ризик од развој на кардиоваскуларни болести, како и од мозочни или срцеви удари, ретко патат од болести поврзани со помнењето, а докажано е и дека во најмала мера можат да заболат од канцер на желудник.

Поради отпорноста на организмот на болести, луѓето кои ја имаат крвната група 0, во споредба со останатите живеат и најдолго.

Еден од најважните факти за тоа е тоа што крвната група 0 содржи помали молекули кои не предизвикуваат згрутчување на крвта, а мозочните и срцеви удари се предизвикани токму поради лошата коагулација на крвта. Работите кои се добри за срцето исто така се добри и за мозокот затоа што бројни ризик-фактори кои предизвикуваат кардиоваскуларни болести се слични на ризиците на настанување на ментални болести.

Што се однесува на прашањето која крвна група е „најслаба“, тоа тешко може да се одреди – дефинитивно, но експертите велат дека станува збор за крвната група А поради тоа што носителите на оваа крвна група се помалку отпорни на маларија.

Според тоа може да заклучиме дека крвната група А е најслаба во споредба со останатите.