„Лоу“ го симна „Миу Миу“ од тронот на најпосакуван моден бренд


Платформата за анализа Лист објавува извештај четири пати годишно во кој подетално се опишува моменталната состојба на модната индустрија. По објавената анализа на најпопуларните брендови за првиот квартал од 2024 година, објавена е и за вториот квартал. Брендот Miu Miu беше симнат од првото место од луксузниот шпански бренд Loewe.
Со богата историја и препознатлив дизајн, тој е познат по своите производи со врвен квалитет на кожа. Loewe е најпознат по своите луксузни кожени чанти, паричници и други модни додатоци, а покрај кожни производи, брендот произведува и облека, чевли и разни додатоци за мажи и жени. Овој квартал, Loewe ја спонзорираше Met Gala, ја лансираше новата колекција на Paula’s Ibiza, го претстави своето шоу за машка облека SS25 во Париз, ја објави капсулната колекција Pride и ги облече Зендаја, Ајо Едебири и Џонатан Бејли. Пристигнувањето на долгоочекуваниот филм „The Challengers“, со костими дизајнирани од креативниот директор на брендот Џонатан Андерсон и избрани предмети достапни за купување преку Loewe, секако помогна во успехот на Loewe.
Даниел Крег позира во новата кампања на Loewe. 56-годишниот британски актер е непрепознатлив во глобалната кампања на луксузната модна куќа FW24
Мiu Miu е познат по своите еклектични, иновативни и често експериментални дизајни. Брендот често комбинира ретро елементи со модерни детали, создавајќи уникатна и препознатлива естетика, поради што долго време го држеше своето место на тронот, но и сега не заостанува на второто место. На листата на најпосакувани парчиња во изминатите месеци, меѓу другото, се најдоа и патиките создадени во соработка со спортскиот бренд New Balance, кои се распродадоа за само неколку часа откако беа лансирани на пазарот.
Џиџи Хадид во Миу Миу
Бидејќи е еден од најпознатите и најпочитуваните луксузни модни брендови во светот, не е чудно што Прада го зазеде високото трето место. Познат е по својот минималистички, елегантен дизајн кој ја комбинира традицијата со современите трендови. Миуча Прада, креативниот директор на брендот, често експериментира со нови материјали и необични елементи, што резултира со уникатни и авангардни парчиња, поради што Прада често поставува модни трендови наместо да ги следи. Нивните колекции се иновативни и често изненадувачки, што ги прави пожелни меѓу модните ентузијасти.