Лондон се приклучи на иницијативата на ЕУ за производство на ракети со долг дострел


Британскиот министер за одбрана Џон Хили денеска во Брисел соопшти дека неговата земја се приклучува на европската иницијатива за развој на производство на ракети со голем дострел.

Велика Британија е формално посветена на приклучување кон Германија, Италија, Франција и Полска, изјави Хили на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО.

Велика Британија ќе предводи работни групи чија задача ќе биде да ја подобрат интеграцијата, а со тоа и ефикасноста на европските системи за ПВО, додаде тој.

Во јули, четири европски земји на маргините на самитот на НАТО објавија дека сакаат да ги здружат силите за да го развијат производството на ракети со дострел поголем од 500 километри.