Локализиран пожарот кај Тутунскиот комбинат во Скопје
Пожарот кој избувна денеска во близина на Тутунскиот комбинат во Скопје е локализиран.
Тој избувнал во импровизирана автомеханичарска работилница, при што причинета е само материјална штета, а повредени лица нема.
Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томевски во изјава за МИА вели дека на терен интервенирале 10 пожарникари со три возила.
„Пожарот е локализиран за кратко време, потоа се работеше на расчистување. Освен материјална штета, нема повредени лица“, вели Томевски.
Чадот од пожарот можеше да се види од повеќе делови од градот.