Љубовната камера на Колдплеј ги „фати“ Меси со сопругата Антонела, погледнете ја реакцијата

Лео и Антонела Меси беа фатени на сега веќе светски познатата камера за бакнување на Колдплеј (Coldplay) за време на концерт во Мајами. Кога публиката ги виде, почнаа да врескаат, да плескаат и да скандираат „Меси“, а тие беа малку срамежливи. Додека Антонела се смееше и плескаше, Лео ја фати за половината и почна да им мавта на публиката.
Немаше бакнеж, но кога фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин, ги виде, компонираше неколку стихови во рима за нив, што е веќе негов традиционален потег. „Мој прекрасен брате! Ти и твојата сопруга изгледате одлично. Ти благодарам што си со нас вечерва. Ти си најголемиот спортист на сите времиња“, им рече Мартин.
@noy_tawil1 The GOAT at Coldplay! #messi #coldplay #miami ♬ צליל מקורי – Noy Tawil
Некои, се разбира, веднаш го споредија нивниот изглед на камерата за бакнување на концертот на Колдплеј со изгледот на виралната двојка чија афера беше откриена токму на тој начин. За потсетување, аферата помеѓу извршниот директор на „Астрономер“, Енди Бајрон, и менаџерката за човечки ресурси на компанијата, Кристин Кабот, беше разоткриена пред камера, што веднаш стана глобален хит.
Leo Messi and Antonela were shown on THAT camera during Coldplay’s concert in Miami! 😂❤️ pic.twitter.com/mTW0utcBJl
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) July 28, 2025
Лео и Антонела се запознале кога тој имал само пет години, а се шпекулира дека тој сакал таа да му биде сопруга кога имал девет години и дека често ѝ пишувал љубовни писма. За разлика од сопругите на многу други фудбалери, Антонела се обидува да ги избегнува медиумите и јавноста колку што е можно повеќе.
Меси првпат ја претстави на јавноста во 2008 година, кога таа привлече големо внимание. Сепак, таа остана воздржана и открива детали за нивниот приватен живот само на Инстаграм, каде што во последно време е сè поактивна.
Студирала стоматологија, но го прекинала тоа студирање за да се фокусира на студиите за комуникација. На крајот се откажала и од тоа и се посветила на манекенството.
View this post on Instagram
Меси и убавата Аргентинка имаат три сина. Најстариот, Тијаго, е роден во 2012 година, а три години подоцна се роди и Матео. Во 2018 година, тие го добија третиот син, Чиро.
Тие се венчаа во 2017 година во нивниот роден град Росарио. На гламурозната свадба присуствуваа повеќето играчи на Барселона, а вкупно имаше околу 260 гости. Настанот беше обезбедуван од стотици полицајци и обезбедувачи во хотелот, а 150 новинари беа акредитирани за посебна прес-зона. Сепак, новинарите немаа пристап до целото место.