Љубљана гради 2.000 станови. Целта е цената на метар квадратен да се спушти на 3.000 евра
Градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ очекува следната година во главниот град на Словенија да почне изградбата на дополнителни 2.000 станови за пазарот, па понудата на станови во иднина би требало да предизвика пад на цените, на 3.000 евра за метар квадратен. без данок, пренесува Anadolu.
Според неговата проценка, само на вертикалата помеѓу улицата „Руски Цар“ и „Пармова“ зад Бежиград, приближно половина од становите се планирани или веќе се градат. Сите овие проекти, вклучително и становите во областа Зелена Јама и на југ и југозапад од градот, според градоначалникот треба да влијаат на нормализирање на ценовните услови на пазарот на станови.
Уште поголеми планови за во иднина
Кога станува збор за проектите на Јавниот станбен фонд на општина Љубљана, тој истакна дека во моментов се градат околу 300 градски станови, а следната година треба да започне и голем станбен комплекс до Повшетова со 361 стан. Во иднина Градскиот фонд има уште поголеми планови.
По преселбата на Љубљански Патнички превоз (ППП) во Станежиче, дел од слободниот простор до Человшка во Шишка треба да биде наменет и за станови од градскиот фонд.
Во меѓувреме, Градскиот совет денеска на вонредна седница ќе го потврди материјалот според кој Градот на државата ќе ѝ ги продаде просториите во семинаријата Бараг каде има 206 студентски легла, а градот и државата потоа ќе работат заедно на реновирањето на овој објект во кој се сместени и просториите на Фестивалската сала. Догодина се очекува градежна дозвола за реновирање.
Цените за стан во Љубљана се движат од 5.000 па нагоре.