Линдзи Лохан роди син во Дубаи: Луаи е нашата среќа


Дубаи – Линдзи Лохан стана мајка. Актерката, 37, која на почетокот од март ја објави веста дека е бремена, роди син. Таа и нејзиниот сопруг ,инвеститорот Бадер Шамас се пресреќни, велат од нејзината ПР служба.

Момчето има необично име Сон Луаи што на арапски во превод значи штит, односно заштитник. Бебето е родено во Дубаи, каде ѓивее двојката, но точниот датум сè уште не се знае.

Според мајката на Лидзи, Дина, актерката има силен мајчински инстинкт и некое време се обидувала да добие дете.

За Архитекчурал Диџест, таа објави екклузивни фотографии од собата на новородениот син, со морска тема.