Линда, Синди, Кристи и Наоми: „Вог“ ги собра супермоделите по 33 години


Наоми Кембел, Кристи Тарлингтон, Линда Еванџелиста, Татјана Патиц и Синди Крафорд кои заедно ги фотографираше Питер Линдберг за насловната страница на „Vogue“ од јануари 1990 година, ги одбележаа 90-те години.

Сега, 33 години подоцна, слична фотографија била креирана за септемвриското издание на магазинот, најважното издание во годината во модниот свет, а верзијата на насловната страница ќе се појави во изданијата во Велика Британија и САД со наслов: „Најголемите на сите времиња“. На фотографијата недостасува само Татјана Патиц, која почина годинава.

Сега во своите 50-ти години од животот, овие 4 убавици исто така ќе се појават во документарецот наречен „The Super Models“ во септември и ќе зборуваат за доцните 80-те и раните 90-те, кога започнаа да се занимаваат со манекенство.

Публиката ќе добие претстава за тоа каква ера била таа за нив, особено по спотот за песната „Freedom“ на Џорџ Мајкл. Во видеото се појавуваат сите 5 модели, очигледно откако Мајкл ги видел на насловната страница на „Vogue“.

Наоми Кембел не можела да поверува дека повторно ќе се здружи со своите колешки.

„Мојата реакција беше, дали ова навистина се случува?“, рекла Кембел (53) за публикацијата во видео-снимката.

„Едно од моите омилени нешта во модната индустрија се овие пријателства со луѓе од целиот свет“, забележала Крафорд.

„Благословена сум што се појавив во тоа време“, продолжила Кембел, додавајќи во интервјуто за насловната на „Vogue“. „Тогаш постоеше сестринство, дефинирано со грижа и лојалност“.

Супермоделите на фотографијата на Херб Риц пред 33 години. Недостасува само Татјана Патиц која почина годинава