Ликовниот уметник Панде Петровски е добитник на наградата „4 Ноември“ на градот Битола


 

Ликовниот уметник и педагог Панде Петровски (86) е добитник на наградата „4 Ноември“ за животно дело за 2025 што ја доделува градот Битола. Ликовниот уметник Панде Петровски остави голем белег како во битолската така и во македонската уметност со над 65 години творештво. 

Петровски има над 25 самостојни, а учествувал и на околу 100 групни изложби во Македонија и странство. Учествувал и на дваесеттина меѓународни ликовни колонии во Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Романија. Повеќе пати е наградуван за афоризам и карикатура.

Член на ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници на Македонија), ДЛУБ (Друштво на ликовните уметници на Битола) и МНД (Македонско научно друштво – Битола).

Наградата „4 Ноември“ е највисоко општинско признание кое се доделува од 1958 година, а од 2002 година е воведена и награда за животно дело. (А.Б.)